Меси пропушта првенствен натпревар поради повреда

Ѕвездата на Париз Сен Жермен, Лионел Меси ќе го пропушти натпреварот од францускиот шампионат против Анжер, соопштуваат од клубот.
Во соопштението на ПСЖ се вели дека на 34-годишниот Аргентинец му е дијагностицирано воспаление на левата нога, и дека следната изјава за состојбата на играчот ќе биде дадена за два дена.
Натпреварот со Анжер кој се игра утре ќе го пропуштат и Верати, Кимпембе, Паредес, Дракслер, Ерера, Курзава и Диало.