Меси сака исполнување на три услови за да остане во Барса

Шпанските медиуми денеска пишуваат дека во многу скоро време, новиот претседател на Барселона, Лапорта и најголемата ѕвезда на тимот, Лео Меси ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за новиот договор, а наводно Аргентинецот веќе му дал три услови кои мора да бидат исполнети за тој да остане во клубот. Првиот услов е клубот да донесе звучно засилување во нападот за да може да игра малку порелаксирано. Во игра се имињата на Серхио Агуеро и Ерлинг Халанд. Второто барање на Меси е играта на Барселона повторно да се базира на млади играчи од Ла Масија, а оваа сезона се покажа дека има многу потенцијал. И, конечно, третото барање е Меси да биде во директен контакт со претседателот за да ги знае плановите и тактиките за водење на Барселона во наредниот период. Дали Лапорта ќе може да го исполни сето ова, ќе се знае наскоро.