Меси сака подолг одмор пред Мундијалот во Катар
Лионел Меси нема да игра во последното коло од Лига 1 пред паузата за Светското првенство.
Француските медиуми откриваат дека Меси побарал од тренерот Галтие да го остави надвор од составот за натпреварот против Оксер, закажан за 13 ноември.
ПСЖ вечерва ќе му гостува на Јувентус во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по што ќе има уште два првенствени натпревари со Лориен на гости и Оксер на „Паркот на принцовите“.