Меси се сели во нов дом вреден 25 милиони евра

Лионел Меси во еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот се пресели од Барселона во ПСЖ. Сагата заврши, Меси заврши со подготовките и се очекува да дебитира во недела против Ремс од 20.45 часот.
На Аргентинецот, според таблоидите во Франција, а тоа го пренесува и Мирор, понудена му е куќа од 25 милиони евра во престолнината на Франција.
Меси треба наскоро да го одбере својот нов дом, а според медиумите вака изгледа новата куќа на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.