Меси се согласи на нов договор со Интер Мајами

Лионел Меси, првата ѕвезда на МЛС лигата и според многумина еден од најдобрите играчи во историјата, кариерата ќе ја продолжи во дресот на Интер Мајами.
Како што пренесува порталот „Атлетик“, Меси наводно се договорил за продолжување на соработката со тимот од Флорида.
Легендарниот Аргентинец, кој има 37 години, ќе остане во клубот и по истекот на актуелниот договор, според кој е врзан за Интер до летото 2025 година.
Не е познато до кога Меси ќе продолжи да настапува за овој тим, но јасна е позадината на одлуката.
Имено, тимот во сопственост на Дејвид Бекам во 2026 година ќе се пресели на нов стадион чија вредност е над милијарда долари, а поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија сака Меси да биде предводник на тимот кој таму ќе започне нова ера.
Во овој тим покрај Меси се и Џорди Алба, Серхио Бускетс и Луис Суарез од поранешните фудбалери на Барселона, а на Флорида би можел да се ресели и ѕвездата на Манчестер Сити и еден од најдобрите светски играчи од средниот ред во последните десет години, Кевин де Брујне.