Меси собори уште еден рекорд во сопственост на Роналдо

Аргентинска мега-ѕвезда во дресот на ПСЖ, Лионел Меси го постигна својот 672. гол од игра, откако синоќа на парижани им обезбеди минимална победа на гостувањето кај Лион во француската Лига 1.

Со овој погодок, Меси успеа да го собори рекордот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој постигна 671 гол (без пенали). На Меси му беа потребни 150 натпревари помалку од Роналдо, за да дојде до оваа бројка на погодоци.
Меси е во ПСЖ од 2021 година и има договор со клубот до 2023 година со можност за продолжување на уште една сезона. Оваа сезона аргентинскиот напаѓач има 10 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и седум асистенции.