Меси собори уште еден рекорд на Роналдо во Лигата на шампионите

Фудбалерот на Париз Сен Жермен, Лионел Меси, го собори рекордот на Кристијано Роналдо, по бројот на голови во Лигата на шампиони кои се постигнати надвор од шеснаесетникот.

Лионел Меси со ПСЖ оствари победа на домашен терен од 7:2 над Макаби Хаифа, а Аргентинецот на овај дуел постигна два гола. Вториот гол, Меси го реализира со удар надвор од шеснаесетникот, и беше негов 23 гол постигнат од оваа позиција, со што го престигна Роналдо кој во оваа категорија има 22 гола.

Роналдо останува најдобар стрелец во ЛШ со постигнати 140 гола, додека Меси стигна до 129 погодоци.