Меси со два гола го потврди првото место за Мајами пред плеј-офот
Интер Мајами пред време стана победник на регуларниот дел од сезоната на МЛС лигата во САД.
Клубот од Флорида синоќа го победи Колумбус со 3:2 и по 32 меча со 68 бода се зацврсти на првото место на табелата. Така, Интер Мајами го освои трофејот што му се доделува на победникот во регуларниот дел од сезоната на МЛС лигата.
За главната ѕвезда на тимот од Флорида, Лионел Меси, кој постигна два гола во клучната победа на Интер Мајами, ова е 46-та титула во кариерата.