Меси со хет-трик го почна Мундијалот, Аргентина пресилна за Алжир

Меси ги надмина бразилецот Роналдо и германскиот фудбале Клосе по бројот на натпревари на СП на кои постигнал гол.

Напаѓачот на аргентинската репрезентација постигна хет-трик во натпреварот против Алжир (3-0) во првото коло од Светското првенство во 2026 година .

Вкупно, 38-годишниот напаѓач има 16 гола на Светското првенство, израмнувајќи го рекордот на Клосе. Аргентинецот досега постигнал гол на 12 натпревари од Светското првенство. Бразилецот Роналдо и Германецот Мирослав Клосе имаат по 11 натпревари од Светското првенство со голови, додека Јирген Клинсман постигнал гол на 10 натпревари за Германија.

Меси кој го започна натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2026 година против Алжир, кој се одигра на стадионот во Канзас Сити, САД, и заврши со резултат од 3:0 продолжи да го зголемува рекордот кој е во негова сопственост.

2.404 е вкупниот број минути одиграни од страна Аргентинецот на Светските првенства. Меси дополнително го продолжи овој рекорд чиј сопственик стана за најмногу минути одиграни на Светските првенства во 2022 година, надминувајќи го Паоло Малдини (2.216).

Лионел Меси одигра 20 натпревари како капитен на Светските првенства, со што постави рекорд со што ги надмина Мексиканецот Рафаел Маркез (17) и Аргентинецот Диего Марадона (16).