Меси: Јас се натпреварувам со самиот себе, а не со Роналдо

После освојувањето на наградата „Златна топка“ по рекорден седми пат, суперѕвездата на Аргентина и ПСЖ, Лионел Меси, даде кратко интервју за магазинот „Франс фудбал“ во кое дава осврт на кариерата и борбата за успех.

„Отсекогаш сум имал намера да се надминам себеси и да не гледам што прават другите. Кристијано и јас водевме фудбалска битка во Ла Лига долг период. Тоа и на двајцата ни помогна да растеме во нашите кариери. Сакав да бидам најдобриот можен фудбалер“.

„Никогаш не сум тврдел дека сум најдобар во историјата. Доволно ми е што другите ме сметаат за еден од најдобрите. Никогаш не замислував дека ќе стигнам до тука. Не ми е гајле дали ме сметаат за најдобар,добар или не. Јас не сакам да бидам модел за помладите и никогаш не сум сакал да давам совети. Се борев за да ги остварам моите соништа.На почетокот сакав само да бидам професионален фудбалер, а потоа се борев да станам подобар и да постигнувам нови цели секоја година.Има доза на среќа во овие моменти. Верувам дека Господ го избра се што ми е дадено“, изјави Меси.