Меси ќе биде нов фудбалер на ПСЖ
Жоан Лапорта вчера кратко зборуваше за можниот трансфер на поранешниот капитен на Барселона, Лионел Меси во ПСЖ.
Ден претходно, Барселона официјално објави дека аргентинскиот напаѓач, кој играше за каталонскиот клуб во текот на целата кариера нема да може да го продолжи договорот.
„Би сакал повторно да го видам Меси како игра за Барселона. Но, тој ќе треба да одлучи за својата иднина. Треба да го прашате за следниот клуб. ПСЖ? Не можам да одговорам на ова прашање, не знам дали ги интересира. Но, познато е дека тие имаат можност да потпишат со Меси“, изјави Лапорта за „Марка“.
Меси играше за Барселона од 2005 година. Неговиот договор со каталонскиот клуб истече на крајот на јуни.
Денес потврда стигна од братот на газдата на ПСЖ, кој на својот твитер профил напиша дека преговите се завршени, а наскоро тоа и официјално ќе биде потврдено.