Месут Озил станува сопственик на фудбалски клуб
Ѕвездата на Фенербахче, Месут Озил планира да го купи фудбалскиот клуб Чорум, кој настапува во третата фудбалска лига на Турција.
Цената која играчот ќе ја издвои за купувањето на клубот се проценува на 1,3 милиони евра. Сумата е помала од годишната плата на Озил во Фенербахче која изнесува 3 милиони евра.
Месут Озил пред една година се врати во турското првенство и потпиша договор да настапува за гигантот Фенербахче, што според неговите изјави било негов сон од детството. Претходно тој повеќе сезони играше за лондонски Арсенал.
Стартот на Озил во Фенербахче беше тежок, но тој на почетокот од сезонава игра многу подобро и веќе запиша 7 гола на 16 натпревари.