Мејсон Маунт ја пронајде својата форма во правиот момент

Откако пристигна на Олд Трафорд во 2023 година, Маунт претрпе многу назадувања, честопати беше надвор од акција поради повреди што ја попречуваа и уништуваа неговата форма и самодоверба. Сепак, тој се врати на теренот овој викенд, означувајќи го своето враќање со два голови. 

По натпреварот, тој изјави дека неговиот успех произлегува од одржувањето на позитивно размислување и останување посветен на тренинзите. Неговиот трет и четврт гол во боите на Јунајтед, одиграа клучна улога во пласманот на Црвените Ѓаволи во финалето на Лига Европа, комплетирајќи ја доминантната победа од 4-1 на ноќта и вкупната од 7-1. 

„Имав повреди и неуспеси, но секогаш останав позитивен и знаев дека нешто добро ќе дојде, вечерва се исплати во полуфиналето. Не се откажав, напорно работев, се обидував да останам позитивен. Тешко време беше одкако пристигнав во Манчестер“, рече Маунт по натпреварот. 

По победата, менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим го пофали влијанието на Маунт, зборувајќи за неговата работна етика и талент, забележа како англичанецот го пронашол својот ритам во клучен период од сезоната. 

Не само јас. Ако ја погледнете клупата, тоа е најдоброто чувство како тренер, погледнете ги другите момци на клупата, тие се многу среќни за Мејсон Маунт затоа што сите во таа соблекувална гледаат дека Мејсон  прави се што може за да биде достапен и придонесе. Тој е навистина добар играч, може да видите само по квалитетот на неговите два голови вечерва“ , рече Аморим.