Мејтланд-Најлс потпиша за Лион

Ејсли Мејтланд-Најлс е нов играч на Лион, соопшти францускиот клуб.
Овој 25-годишен фудбалер за врска во Лион пристигнува како слободен фудбалер откако му истече договорот со Арсенал. Мејтланд-Најлс со Лион потпиша договор на четири години и стана четвртото засилување за овој клуб во летниот преоден рок.
За Арсенал, Најлс дебитираше на 9 декември 2014 година во натпреварот против Галатасарај, а потоа беше испраќан на неколку позајмици, минатата сезона ја помина во Саутемптон.
Во дресот на Арсенал настапи на 132 натпревари освојувајќи два ФА Купа и два Комјунити Шилд. За репрезентацијата на Англија собра пет настапи.