Мењан пред нов договор со Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во напредни разговори за продолжување на договорот.
Како еден од водечките голмани во Европа, Мењан има значајна улога во тимот и ја зајакнува позицијата со секој натпревар.
Милан понуди обновен договор со важност до 2028 година, проследен со зголемување на годишната плата на 6 милиони евра, со што Мењан ќе стане еден од најплатените играчи во клубот.
Мењан има желба да остане на „Сан Сиро“ и ја прифати понудата, што значи дека наскоро ќе го финализира потпишувањето.