МЗТ Скопје атакува на осмата титула , Еуро Никел на четвртата

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе стартува финалната серија од плеј-офот. По 28. пат во 29. првенствени сезони, ќе се одлучува кој ќе биде новиот шампион.

Македонија долго чека на новиот кошаркарски првак, но низ финалната серија, „подобар од пет“ натпревари, одговор на тоа прашање ќе ни дадат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Еуро Никел 2005.

Тие ги поминаа двете преки, четвртфиналето и полуфиналето. „Металците“ со еден пораз (во полуфиналето од Куманово), додека кавадарчани се перфектни. Четири меча, четири победи против Гостивар (во четвртфиналето) и против Работнички во следната рунда.  

Што велат оние историски факти за големото финале кога станува збор за двете екипи финалисти кои ќе се борат за шампионскиот пехар?

*За МЗТ Скопје ова ќе биде вкупно 15.финална серија…

*По деветти пат по ред „сино-белите“ ќе играат во серијата за шампионскиот трофеј

*МЗТ Скопје (Аеродром) има по седум победи и исто толку порази во финалето

*Сите седум порази на МЗТ Скопје се во дуелите со Работнички

*Првата шампионска титула МЗТ Скопје ја освои во сезоната 2011/2012 кога беше поуспешен токму од клубот од Кавадарци (4-1 во финалето)

*Еуро Никел 2005 (под името Фени Индустри) има три шампионски титули

*Првата е во сезоната 2007/08, а кавадарчани беа најдобри и во 2009/2010 односно 2010/2011

*Ова ќе биде втора финална серија помеѓу овие два клуба низ историјата

*Досега клубот од Кавадарци играл во пет завршни серии од првенството, а скорот е две победи и три порази.

*Фени Индустри, сега Еуро Никел 2005 шампион станувал низ седум мечеви (во сериите со Струмица и со Вардар Осигурување, по 4-3)

*Работнички е нашиот најтрофеен клуб, има 15.титули во 28.сезони

*Двата финалисти имаат вкупно уште десет титули. Прваци на нашата држава биле уште и екипите на Никол Ферт од Гостивар и Струмица.