МЗТ Скопје го елиминира Пелистер и ќе се бори за осмата титула

„Металците“ беа подобри од битолчани и во СЦ „Јане Сандански“ со резултат (89:78) и ја затворија серијата со (2-0). Досега играа 14.пати во големото финале. Беа половични во походите на шампионската титула. Но кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се изборија за уште една можност. Да играат и по 15. пат во големото финале и да се борат за својот осми шампионски пехар и двојна круна во оваа сезона. Во вториот меч од полуфиналето, по втор пат беа подобри од најдобрата екипа во регуларниот дел – Пелистер, по втор пат во рок од 48.часа, доволно за да ја затворат серијата со брзи (2-0) и од следната недела, по неколку дена одмор, да ја отворат серијата за титула каде за противник ја имаат екипата на Еуро Никел 2005.