МЗТ Скопје по седми пат по ред поразен во Европа

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје во седмиот меч аеродромци загубија на гостувањето кај Тарту во Естонија, со резултат 93-77
По израмнетата прва четвртина (20-19), Тарту ја направи разликата пред паузата. каде 33 поени на македонскиот тим и на полувреме замина со огромни 19 поени предност (53-34).
Највисоката предност на Тарту беше 21 поен.
Најдобар поентер кај МЗТ беше Лесли Варнер со 19 поени, пред Тадија Тадиќ со 11 поени, а двоцифрен учинок оствари и Димитрије Николиќ со 10 поени.
Кај Тарту, Кеит Палек имаше дабл-дабл од 16 поени и 12 скока, а Александер Хинт даде 14 поени.