Мик Шумахер се враќа во Формула 1 спортот
Синот на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, повторно би можел да се врати на трите во Формула 1 шампионатот.
Мик Шумахер изминативе две години е резервен возач во тимот на Мерцедес, но сега би можел да пристигне во редовите на Вилијамс за кој тим би можел да вози веќе во недела на Големата награда на Монца.
Вилијамс подготвува отказ за Американецот Логан Сарџент и размислуваат за ангажман на Мик Шумахер.
„Доколку јас се прашувам би го ангажирал Мик кој има двегодишно искуство како Формула 1 возач, има увид и во техничките карактеристики на моторот на Мерцедес. Многу е созреан како личност по заминувањето од Хас, ги знае патеките и тоа е голема предност“ – вели Себастијан Фетел, кој е познато дека е добар пријател на Мик Шумахер.
25-годишниот Мик Шумахер возеше за тимот на Хаас во 2021 и 2022 година. Но, во првата сезона беше 19-ти во поредокот кај возачите, а во втората заврши на 16-та позиција, по што доби отказ а Хаас го анагажираше Нико Хулкенберг.