Миланските клубови добија сопственост на „Сан Сиро“

Милан и Интер добија тапија за сопственоста на „Сан Сиро“ стадионот и околните објекти, лутите ривали сега ќе можат да изградат нов стадион, кој се очекува да биде готов до 2031 година.
Интер и Милан и официјално се „газди“ на „Сан Сиро“, попладнево беа потпишани сите документи и двата клуба добија тапија за сопственоста на стадионот и околните објекти.
На лутите ривали им се брзаше да стават потпис на документите пред 10. ноември, бидејќи тогаш на сила стапуваат архитектонските ограничувања за вториот „ринг“ и тоа ќе значеше дека објектот не би можел да урне.
Инвестицијата е вредна околу 197 милиони евра, сума која ќе биде платена на неколку рати.
Интер и Милан сега ќе продолжат со проектот за изградба на нов стадион со капацитет од 71.500 гледачи, градежните активности треба да започнат на почетокот од 2027 година и да финишираат до 2031 година.
Сегашниот „Сан Сиро“ ќе биде делумно зачуван и наменет за музеј и комерцијална употреба.