Миланските клубови лицитираат за Бонџорно од Торино
Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Милан и Интер, пренесува „Калчомеркато“.
Бонџорно важи за еден од најголемите италијански таленти и веќе е стандарден во италијанската репрезентација.
Милан во јануари понуди 40 милиони евра за неговиот потпис, но Торино одби да го пушти на средина на сезоната. Сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Интер, а Торино е свесен дека нема да може да го задржи во своите редови.
24-годишниот Италијанец е спремен да направи чекор напред во кариерата и го известил раководството дека сака трансфер во Милано.