Милан без Рафаел Леао до крајот на годината

Милан до крајот на годината нема да може да рачуна на услугите од напаѓачот Рафаел Леао.
Тој заработи повреда која ќе го оддалечи од терените до јануари. 22-годишниот Португалец се повреди на дуелот со Салернитана на почетокот од месецов на кој „росонерите“ славеа со 2:0.
Од медицинскиот тим на Милан објаснуваат дека повредата на мускулот не е од сериозен карактер но поради бавното закрепнување неговото враќање во тимот ќе биде пролонгирано.
Леао сигурно ќе ги пропушти натпреварите со Наполи и Емполи, но се очекува да биде на располагање на тренерот Пиоли за дерби натпреварот со Рома закажан за 6 јануари.