Милан веќе има план, што после Златан?

Милан по реванш натпреварот со Црвена Ѕвезда се враќа на домашните обврски, а тимот на Пиоли има тешко гостување во Рим кај Рома.
Евентуален пораз би бил трет во низа, што би овозможило Интер уште повеќе да се одлепи на врвот, а и самата Рома ќе се приближи до позицијата број два. Се очекува од почетокот да го видиме Ибрахимовиќ, но излегоа и вести за планот на Малдини за иднина.
Големо прашање е дали Ибрахимовиќ ќе остане во Милан и наредната сезона, негоата замена во видот на Манџукиќ исто така има добар број на години, па спортскиот директор брка нова „деветка“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Чиро Имобиле е мета број еден за подобрување на нападот. Капитенот на Лацио е фантастичен во Рим уште од своето доаѓање во 2016. година, ретко кога не е во трката за најдобар стрелец. Има 31 година, оваа сезона има 14 погодоци на 21 натпревар во Серија А.
Прашање е дали е подготвен за настап во поголем клуб, своевремено во Јувентус не доби прилика, додека не се снајде баш најдобро ниту во Дортмунд и Севиља.