Милан го враќа Де Пол во Серија А

Милан е силно заинтересиран за играчот на Атлетико Мадрид и аргентински репрезентативец, Рдриго де Пол.

„Росинерите“ на лето сакаат да го засилат средниот ред со врвен играч за врска, а Де Пол е на врвот на листата желби. Де Паул беше светски шампион со Аргентина, но не е среќен во Атлетико и е спремен да ја промени средината.

Атлетико исто така е спремен да слушне понуди, а Милан веќе почнал преговори со неговиот агент.

За него интерес покажуваат и клубовите од Саудиска Арабија, но Аргентицот сака да остане во Европа и е спремен да се врати во Серија А, каде ја доживеа својата афирмација.