Милан го враќа Ерик Ламела во Серија А
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за играчот на Тотенхем, Ерик Ламела.
Приоритет на „росонерите“ во летниот преоден рок ќе биде засилување за десната крилна позиција бидејќи Кастиљехо најверојатно ќе го напушти клубот.
Прва желба е Депај, но тешко дека Милан ќе може да ја победи конкуренцијата, па како алтернатива се споменува Ерик Ламела.
28-годишниот Аргентинец не добива голема минутажа, па и самиот е спремен да ја промени средината. Тој на лето влегува во последната година од договорот, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.