Милан го враќа Сергеј Милинковиќ Савиќ во Серија А

Сергеј Милинковиќ-Савиќ пред две години беше еден од најбараните играчи за врска во Европа, но тој реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Милинковиќ-Савиќ, сепак, по две сезони поминати во Саудиска Арабија сака да се врати во Европа и да заигра во Серија А каде што претходно го носеше дресот на Лацио.
Италијанските медиуми пишуваат дека српскиот интернационалец во јуни ќе потпише договор со Милан, кој го посакуваше уште во минатото лето.
Србинот не е задоволен од животот во Арабија, па е спремен да прифати помала плата за да се врати во Италија.