Милан го доведе голманот на Лил, заминува Донарума
Милан ќе се засили со голманот на Лил и член на француската репрезентација, Мајк Мањан е во Милано, следуваат лекарски прегледи а потоа потпис со „росонерите“.
Мањан кој е член на француската репрезентација, откако ќе ги мине вообичаените лекарски прегледи ќе потпише договор со Милан, тој е веќе во Италија, објави „Спорт Италија“.
Според информациите од Италија, Мањан ќе потпише договор на 5 години со Милан и годишна плата од 3 милиони евра, има 25 години, висок е 191 сантиметар, за Франција настапи само еднаш, но е дел од составот за ЕУРО. Во Лил бранеше шест сезони, запиша 147 настапи.
