Милан го купува Миранте наместо повредениот Мањан
Антонио Миранте, кој остана без ангажман откако ја напушти Рома, сега ќе се активира времено во редовите на Милан.
Тој ја започна кариерата во Јувентус а стоеше и на голот на: Сампдорија, Парма, Болоња и Рома. „Росонерите“ беа приморани да ангажираат нов чувар на мрежата бидејќи стандардниот, Мајк Мањан, ќе замине на операција која ќе го оддалечи од терените околу еден месец.
Во Милан единствена опција за голманската позиција остана 35 годишниот, Циприан Татарушану.