Милан го обезбеди Кјаер до 2024 година

Фудбалскиот клуб Милан објави дека го продолжи договорот со својот дефанзивец Симон Кјаер до 2024 година. Овој потег на “росоњерите“ беше очекуван, со оглед на фактот дека постоечкиот договор на 32-годишниот Данец истекуваше на крајот од сезоната.

Симон Кјаер пристигна на Џузепе Меаца во јануари 2020 година, и многу брзо се наметна како главен столб во одбраната на тимот под водство на тренерот Стефано Пиоли. Кјаер во дресот на Милан досега има одиграно 66 натпревари во сите натпреварувања и има постигнато еден гол