Милан го сака Ферланд Менди во јануарскиот преоден рок

Луѓето од Милан веројатно ќе испратат понуда до дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, доколку левиот бек биде ставен на трансфер-списокот на шпанскиот состав, најавува денеска – „Калчомеркато“.

„Росонерите“ се надеваат дека ќе го ангажираат францускиот репрезентативец на позајмица бидејќи неговиот договор со „кралевите“ трае до 2028 година.

30-годишниот фудбалер има одиграно 202 меча за „белите“ со ефект од 6 голови и исто толку асистенции.