Милан го сака Јаремчук од Гент
Милан е во напредни преговори за трансфер на украинскиот напаѓач, Роман Јаремчук.
Напаѓачот на Гент блеска на ЕУРО и во првите два натпревари постигна два гола, меѓу кој и оној против Македонија.
Јаремчук оваа сезона во дресот на Гент постигна 23 гола и 8 асистенции, па е на мета на многу европски гиганти.
Украинецот го избрал Милан и веќе се договорил со клубот од „Сан Сиро“, а „росонерите“ за неговиот потпис ќе платат 15 милиони евра.
