Милан започна преговори со Хаким Зијеш

Италијанските медиуми ја пренесуваат веста дека челниците на Милан имале средба со Себастиен Ледур кој е дел од менаџерскиот тим на фудбалерот на Челзи, Хаким Зијеш.

 Целта на средбата е започнување на преговори за евентуален трансфер на Зијеш во Милан.

29-годишниот репрезентативец на Мароко веќе подолг период се споменува како ново засилување на Милан, а шансите за негово доаѓање на Сан Сиро се зголемија откако тој добива многу мала минутажа во новата сезона на својот актуелен клуб Челзи.