Милан Илиоски од САД се сели во Нордсјеланд
Maкедонецот Милан Илоски кој е роден во Сан Диего во САД, но има и македонското државјанство потпиша договор со данскиот суперлигаш Нордсијеланд.
Илоски кој има 24 години одигра одлична сезона во Оранџ Каунти во САД и така го привлече вниманието на еден од најдобрите дански клубови. Во овој момент Нордјиланд е второпласиран во Суперлигата на Данска.
Во 2022 година Илоски како играч на криллната позиција постигна 22 гола на 35 натпревари.
„Беше навистина лесен избор за да потпишам, па со огромно нетрпение го очекувам доаѓањето во клубот. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на сите во клубот“, изјави Илоски.
Според договорот Илоски ќе ја заврши сезоната во САД, а потоа во јануари 2024 ќе пристигне во данскиот клуб.