Милан испрати ултимативна понуда до Донарума
Останува неизвесноста за иднината на Џанлуиџи Донарума во Милан. Договорот на 22-годишниот голман истекува на крајот на сезоната, а тој сè уште не го продолжил. Според италијанските медиуми, клубот му понудил 5-годишен договор со годишна плата од 7 милиони евра плус уште 1 милион евра за секој пласман во Лигата на шампионите. Сепак, оваа понуда се разликува од барањата на агентот на играчот – Мино Рајола. Тој се залага за договор не повеќе од две години со плата од 12 милиони евра по сезона, што раководството го смета за претерано. Донарума и Рајола чекаат да видат дали „росонерите“ ќе се пласираат во Лигата на шампионите пред да одлучат за иднината на голманот. Во меѓувреме, ситуацијата околу новите договори на Златан Ибрахимовиќ и Хакан Чалханулу изгледа охрабрувачка. 39- годишниот напаѓач се согласи да потпише уште една сезона со сегашната плата од 7 милиони евра и се очекува тоа да се случи наскоро. Разликите меѓу понудата на директорите на клубот и желбата на турскиот плејмејкер драстично се намалија. Двете страни можат да се договорат за четиригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона плус бонуси.