Милан и Барса подготвуваат спектакуларна трампа

Барселона е во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека е силно заинтересирана за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.

Преговорите помеѓу Милан и Ромањоли за продолжување на договорот не одат во добра насока, па дефанзивецот влезе во последната година од договорот.

Ромањоли е ставен на трансфер листа, а најсилен интерес за него покажува Барселона, која веќе стапила во контакт со неговиот агент Мино Раиола. Од друга страна Милан е заинтересиран за Кутињо, во кого гледа идеална замена за Чалханоглу, па дбвата клуба можат да договорат трампа, пренесува „Тутоспорт“.

Барселона сака да се ослободи од Кутињо и е спремна да ја прифату трампата, но проблем претставува високата плата на Бразилецот.

За да се реализира оваа трампа Кутињо ќе треба да прифати помала плата на „Сан Сиро“.