Милан и Бриж преговараат за Де Кетелар

Милан планира да испрати уште една понуда до Клуб Бриж со надеж дека конечно ќе може да се договори за големата трансфер цел, Шарл де Кетелар.

Според „Газета дело Спорт“, Милан чека до денешниот натпревар од Суперкупот на Белгија помеѓу Бриж и Генк да испрати понуда од речиси 35 милиони евра, приближувајќи се на понудата на Лидс од 37 милиони.

Според други италијански изданија, цврстата сума ќе биде 30 милиони евра дополнети со уште 5 милиони.

За Де Кетелар е подготвен петгодишен договор со плата од 2-2,5 милиони евра по сезона, што е двојно зголемување на наградата од 1 милион што ја добива во белгискиот шампион.