Милан и Челзи преговараат за Мањан, Италијанците бараат 30 милиони

Милан бара од Челзи 30 милиони евра за да му дозволи на францускиот голман Мањан да замине во Лондон. Претходно стана познато дека лондонскиот клуб контактирал со Милан во врска со трансферот на голманот, а „росонерите“ немаат ништо против да се реализира зделката.

Според Џанлука Ди Марцио, Милан бара сума 30 милиони евра, за да отпочне со преговори. Тековниот договор на Мањан со Милан е до летото 2026 година и сигурно нема да биде обновен.

Минатата сезона, 29-годишниот голман одигра 37 натпревари во Серија А, од кои на 13 остана без примен гол.