Милан и Јуве во трансфер битка за Дивок Ориги

Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Белгиецот во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови, а се поизвесно е дека на лето како слободен играч ќе го напушти Ливерпул. Таквата ситуација сакаат да ја искористат Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Интерес за Ориги покажуваат и некои клубови од Бундеслигата, но тој преферира преселба во Серија А.