Милан му нуди нов договор на Ибра, но со помала плата од сегашната

Златан Ибрахимоиќ има желба да игра и следната сезона, па затоа преговара со раководството на Милан за продолжување на соработката.

Според последните информации ако Ибрахимовиќ сака да игра и следната сезона во дресот на Милан ќе мора да прифати значително намалување на платата. Ибра и понатаму прави разлика на теренот, но без него тимот игра поинаку, побрзо и со повеќе пресинг. Тука се и честите повреди кои ги имаше откако дојде на „Сан Сиро“, па затоа раководството сериозно размислува за платата и времетраењето на договорот.

Најавите се дека Милан на Златан ќе му понуди нов едногодишен договор со помали примања. Тренерот Стефано Пиоли би го користел Ибрахимовиќ помалку со цел да се намали можноста за нови повреди, па Ибра и почесто би поминувал време на клупата.