Милан не го крие интересот за Јашари од Бриж

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре вели дека доставиле одлична понуда за ангажман на Ардон Јашари, фудбалерот сака да се пресели на Сан Сиро па сега последниот збор го има Клуб Бриж.

Тренерот на Милан, Макс Алегри денеска ја имаше првата средба со новинарите, а покрај него се појави и новиот спортски директор Игли Таре.

Игли Таре оваа прилика ја искористи да проговори за Ардон Јашари, кој е една од главните цели за засилување на средниот ред.

„Работиме на ангажман на Ардон Јашари, момчето сака да се пресели во Милан, тоа е неговата желба, но секако мораме да го почитуваме Клуб Бриж“ – вели Игли Таре.

„Доставивме голема понуда која ги отсликува квалитетите на фудбалерот и двата клуба, се надева дека на крајот се ќе се заврши како што очекуваме ние и самиот играч“.

Се шпекулира дека последната понуда на Милан е вредна околу 35 милиони евра, додека пак Клуб Бриж инсистира да добие околу 40 милиони евра.