Милан не го пријави Ибрахимовиќ за Лигата на шампионите

Милан го очекува двомечот со Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите, но без Златан Ибрахимовиќ.

41-годишниот Швеѓанец не е дел од составот што Милан го пријави за нокаут фазата на престижниот турнир, што значи дека Ибра нема да игра во продолжението од ЛШ за „росонерите“.

Златан Ибрахимовиќ имаше операција на коленото минатата година и наводно се ближи до кам-бек, но Милан очигледно оцени дека се уште е рано да го очекува неговото враќање во првиот тим.

Милан и Тотенхем се среќаваат во Милано на 14 февруари, пред реваншот во Лондон на 8 март.