Милан плати преку 30 милиони и го доведе Белгиецот Де Каталер
Италијанскиот првак Милан го објави потпишувањето на договориот со новото летно засилување, Чарл Де Кетелар од белгиски Бриж.
Играчот потпиша договор до 30 јуни 2027 година и во новата сезона ќе настапува со дресот со број 90.
Де Кателер е младинец на Бриж и своето деби за клубот го имаше во 2019 година. Оттогаш одигра 120 настапи и постигна 25 гола за еден од најголемите белгиски клубови, освојувајќи ја белгиската лига три пати, а двапати го освои и Суперкупот.