Милан потврди уште едно зимско засилување
Лондонски Челзи и Милан ја финишираа соработката со која Фикајо Томори ја промени средината, сезоната ќе ја доигра во Италија, а на лето ќе се преговара за целосен трансфер. Младиот дефанзивец ги мина лекарските прегледи во Милано и ќе го носи дресот на росонерите како позајмен играч до крајот на тековната сезона, а од оваа позајмица Челзи ќе заработи 1 милион евра. Доколку Томори одигра на потребното ниво и Милан се реши да го откупи неговиот договор во летниот преоден рок, ќе треба да плати 25 милиони евра.
