Милан по секоја цена ја сака звездата на Салцбург

Приоритет на Милан на крајот на сезоната ќе биде доведување на врвен напаѓач, пренесуваат италијанските медиуми.
Жиру е во поодминати години, Ориги не го оправда очекувањата, па Малдини сака да доведе млад и перскептивен напаѓач. Главна цел е младиот напаѓач на Салцбург, Ноа Окафор, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти. Швајцарскиот репрезентативец на лето ќе влезе во последната сезона од договорот, па Салцбург е спремен да го пушти за 20 милиони евра.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.