Милан пред потпис со Емерсон од Тотенхем

Милан и Тотенхем се блиску до договор за трансфер на десниот бек Емерсон Ројал, пренесуваат италијанските медиуми.

Емерсон Ројал пред три години пристигна во Тотенхем од Барселона за 30 милиони евра и одигра одлично во првите две сезони.

Оваа сезона го загуби првотимскиот статус кај новиот тренер, па Тотнхем е спремен да го продаде за сума од 20 милиони евра.

Милан веќе има договор со играчот, а преговорите со Тотехем се во напредна фаза. Се очекува трансферот да биде реализиран во следните неколку дена.