Милан размислува да го врати Алегри на клупата
Масимилијано Алегри би можел да се врати на тренерската работа и тоа тренер на Милан, објави италијанскиот „Тутоспорт“.
Росонерите имаат многу лош почеток на сезоната и освоија само два бода по првите три кола, па притисокот врз тренерот Пауло Фонсека се зголемува.
Управата на клубот ја потврди довербата во тренерот, но доколку работите не се сменат, тогаш ќе размислуваат за замена, а најголем фаворит за позицијата е токму 57-годишниот Алегри кој предходно го водеше Јувентус од Торино.