Милан сака да го врати Тонали
Италијанскиот новинар Тицијално Крудели лансираше вистинска
„бомба“ и изјави дека Сандро Тонали може да се врати во Милан.
Тонали минатото лето за скоро 80 милиони евра беше продаден
во Њукасл, но само два месеци подоцна беше дел од аферата за
нелегално обложување и доби суспензија од 10 месеци.
Тонали ја пропушти готово цела сезона поради суспензија, но не е
среќен во Англија и сака да се врати во Италија.
„Зборував со Ибра и Тонали може да се врати во Милан“, изјави
Крудели. Милан е во потрага по квалитетен играч за врска и
наскоро ќе испрати понуда до Њукасл за Тонали.