Милан сака да го врати трофејниот Анчелоти на тренерското место

Карло Анчелоти би можел да се врати во Милан. Анчелоти е вистинска легенда на Милан и најголемите успеси во тренерската кариера ги постигна на „Сан Сиро“, а потоа освојуваше трофеи ширум Европа. Италијанските медиуми тврдат дека доколку „росонерите“ не изборат пласман во Лигата на шампиони Стефано Пиоли ќе добие отказ. Прв избор на Малдини ќе биде токму неговиот голем пријател Карло Анчелоти, кој моментално седи на клупата на Евертон.