Милан спремен да го „украде“ Абрахам од Рома

Италијанските медиуми пласираа вистинска „бомба“ и тврдат дека  Милан е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам. Минатата сезона  Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. 

Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо. Притоа, Англичанецот сака да игра во клуб каде редовно ќе игра во Лигата на шампиони и ќе се бори за трофеи, па е спремен на лето да ја промени средината.

Најсилен интерес за него покажува Милан, бидејќи приоритет на „росонерите“ на лето ќе биде доведување врвен напаѓач.