Милан спремен да отпочне преговори со Дани Олмо

Милан покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лајпциг, Дани Олмо, пренесуваат италијанските медиуми.
Олмо игра одлично во Лајпциг каде оваа сезона има постигнато 4 гола и 6 асистенции, а покажа добри партии и на Мундијалот. Олмо на лето влегува во последната година од договорот, па Милан сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на „Сан Сиро“.
Шпанецот може да игра на сите позиции во нападот, па поради тоа е на врвот на листата желби на „росонерите“.
Италијанскиот шампион е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.